Јовановски бара одземените лични предмети да бидат донесени и презентирани пред судот

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Обвинителството започна да ги презентира материјалните докази во случајот „Рекет“, односно се презентираат одземените предмети од првообвинетиот Бојан Јовановски и екс специјалната обвинителка Катица Јанева.

Јовановски на ова побара збор, барајќи од судот сите одземени парчиња, гардероба предмети да бидат донесени во судница и да бидат презентирани едно по едно, на што судијката го одби ваквиот предлог.

Доказите кои се презентираат се однесуваат на одземените лични работи на Боки 13. Се работи за над 1.200 парчиња, а тука спаѓа неговата гардероба, уметнички слики, обувки, мебел…

Меѓу одземените предмети на Јанева е кожна чанта, марка Луј Витон. Гарнитура, фотељи, дрвена маса…

Во меѓувреме, материјалните докази кои се презентираат, беа фотокопирани и доставени до одбраната.

И.Р.

Слични содржини