Јовановски: Лага е дека ми се дадени 500 илјади евра за Камчев да излезе од притвор

од Берта Китинска
318 прегледи

Категорично тврдам дека ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел некакви парични средства. Јас видов затворена торба што Зоран Милевски ја зема со леснотија, изјави денеска во судот Бојан Јовановски – Боки 13, каде сведочи за предметот „Рекет“ во кој е првообвинет.

– Тврдат дека таму имало милион евра по апоени од 50 што е невозможно и ќе тежеше повеќе, кажа Јовановски.

Најодговорно, рече Јовановски, тврдам дека немам ниту еден допир на таа торба и Обвинителството требаше да ја најде и да ја извештачи.

– Ноторна лага е дека мене ми биле дадени 500 илјади евра за Јордан Камчев да излезе од притвор. Со Камчев не сум разговарал за никакво олеснување, туку сме разговарале само за бисниси. Сме оделе на вечери, сме збореле за се и сешто. Ме провоцирале и прашувале да зборам и да се правам паметен и да зборам и за СЈО. Ме снимале и спакувале, но кажувам тоа биле само мои лични мислења, изјави Јовановски.

Со првата емисија на Инсајдер, наведе Јовановски, почнале неговите проблеми и кампња од Зоран Азманов дека се работи за рекет побаран од него.

– Дека не се работи за рекет го имам документот од суд дека се отфрла пријавата, изјави Јовановски.

За одземената гардероба рече дека најголемиот дел е купена или добиена пред 2018 година.

– Никогаш не сум бил повикан да потпишам што се е одземено од мојот дом, рече Бојан Јовановски во сведочењето пред судот.

Слични содржини