Јовановски: Недела неработен ден не е добра одлука, има премногу исклучоци

од Nikola Popovski

Потпретседателот на Стопанската комора, Зоран Јовановски смета дека недела неработен ден во Законот за работни односи, не е добра одлука.

-Фактот дека вие имате ситуација каде што на примарната одлука има цела листа исклучоци, покажува дека влегувањето во регулирање на нешто што е прилично комплицирано да се регулира, вели Јовановски во изјава за ТВ Сител.

Тој посочува еден пример за тоа како оваа одлука не е адекватна.

-Некој странски инвеститор влегол во земјата, инвестирал врз основа на одредени законски регулативи и тој има план за работа за цела година и тој предвидел дека тие што работат во недела ќе имаат одмор во понеделник итн. Сите права ќе бидат обезбедени со тоа што низ еден договор за работа што ќе го прифатат страните. И вие сега воведувате регулативи. Сите тие исклучоци го обезвреднуваат основното решение. Вакво нешто треба да биде договорено меѓу работодавачите и работниците. Ако работниците прифаќаат да работат и во недела за значително повисока дневница, треба да му се даде шанса на работникот да си го оствари сонот, додава Јовановски.

Слични содржини