Јовановски: Потребно е системско решение во образованието, сме смениле 19 министри за 30 години

од Nikola Popovski

Ние сме независна држава 30 години и сме имале 19 министри за образование. Само еден министер го истерал целиот мандат. Во просек мандатот траел по 1,6 години. Ако сме инвеститори и сакаме да купиме компанија која е 30 години стара и дојде до нас податокот дека се смениле 19 генерални директори, нашата перцепција дека тие не знаат што прават, бидејќи 19 пати го смениле генералниот директор и тоа автоматски покажува образованието е системски е ставено на маргините на општеството, односно дека заборавено, вели Зоран Јовановски од Стопанската комора на Македонија.

Според него, студија на Светска банка покажала дека издвојуваме помалку процент за образование, во однос на земјите од Западен Балкан.

-Ако еден ученик учи 8 години основно образование и три години средно, според студијата, тој за 11 години еквивалентот за квалитетот на образованието, е како тој да учел 7,3 години. Значи 3,7 години му се изгубени и тоа е највисоката цена што може едно семејство и ученик да ја плати. Од штрајкот најмногу губат децата. Се треба да се гледа низ призмата на нив. Многу е тешко да се одбере моментот за решавање на проблемите. Потребно е системско решение, рече Јовановски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини