ЈСП согласно уредбата: Во секој автобус има лице задолжено да го регулира влезот и излезот на патници

од Берта Китинска
559 прегледи

По реакциите на граѓаните кои користат градски превоз дека има гужви и турканици пред да заврши полицискиот час во автобусите од Јавното градско претпријатие за Локално објаснуваат дека внатрешната контрола  во текот на изминатите денови регистрирала поголема фрекфенција  на патници од дозволениот, оптимален број на неколку линии (57, 58, 63, 65), па веднаш биле пуштени дополнителен број на возила.

Според новата Уредба донесена од Владата не дозволено повеќе да има метеж и турканици во автобусите на јавниот градски превоз, како што беше тоа до пред велигденските празници.

Од Јавното градско претпријатие (ЈСП) велат дека мерката кај нив успешно се спроведува уште од 17.04.2020 година.

-ЈСП ги презеде сите мерки да ја испочитува донесената уредба за превоз за време на вонредната состојба.Во речиси сите возила, има лице задолжено да го регулира влезот/излезот на патници, односно да го одржува оптималниот број на патници согласно уредбата.Имено, се дозволува возилата да бидат исполнети со 50% од вкупниот капацитет на возилото за превоз на патници.Во двокатните автобуси, возачот е физички одделен од патниците, а во нископодните, тој е одделен од патниците со соодветна лента, велат од претпријатието.

На реакциите на граѓаните дека има турканици и гужви поради намалениот број на автобуси од претпријатието објаснуваат дека распоредот е направен согласно одлуките и препораките на институциите директно надлежни за справување со коронавирусот.

-За жал, има граѓани кои реагираат на двосменското функционирање на јавниот превоз, но, напоменуваме дека распоредот е направен согласно одлуките и препораките на институциите директно надлежни за справување со коронавирусот, како и врз основа на ситуацијата на терен која укажува дека во периодот од 9 до 13 часот бројот на патници е незначителен. Од друга страна, не само граѓаните, туку, сите субјекти во актуелнава ситуација имаат обврска да се прилагодат на актуелните околности.За сите измени во режимот на функционирање на јавниот превоз, патниците се навремено информирани преку средствата за јавно информирање, како и преку фејсбук и веб страницата на претпријатието, при што е јасно наведено и објаснето како да се прегледува возниот ред, велат од ЈСП.

Уредбата предвидува дека глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако врши превоз на патници спротивно од оваа уредба со законска сила. Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице трговец поединец и правно лице, ако врши превоз на патници спротивно на членот 3-а од оваа уредба. На одговорното лице во правниот субјект ќе му се изрече глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност.

Б.М

Слични содржини