Јунајтед е несопирлив, Рашфорд му донесе победа на дербито против Тотенхем

од desk2
106 прегледи

Дербито во 22 коло од англиската Премиер лига се одигра во Лондон меѓу Тотенхем и Манечстер Јунајтед.

Екипата на Оле Гунар Солшер продолжи со одличната игра и стигна до петтата врзана победа и се врати во игра за пласмеан во Лигата на шампиони.

„Ѓаволите“ славеа на Вембли со 0:1, а единствениот погодок го постигна Маркус Рашфорд.

Јунајтед дојде до водство пред самиот крај на првото полувреме, кога Погба со одличен пас ја исфрли одбраната на Тотенхем, а Маркус Рашфорд прецизно ја пласира топката зад грбот на Тотенхем.

Јунајтед до крајот на натпреварот ја сочува предноста и се изедначи со Арсенал на петтото место на табелата со шест бодови заостанување зад Челзи и местото кое води во Лигата на шампиони.