Лестер и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за трансферот на Хари Мегваер, со што ќе бидат соборени апсолутните рекорди.

Според англиските медиуми, „Црвените ѓаволи“ ќе им платат на „Лисиците“ 85 милиони фунти за услугите на 26-годишниот бек и тоа ќе биде највисоката сума што некогаш е платена за еден дефанзивен фудбалер.
Се очекува во текот на денот и Манчестер јунајтес службено да го објави трансферот на репрезентативецот на Англија со кого одбранбениот ред на клубот од Олд трафорд ќе биде многу посилен.
Мегваер последниве две години го носеше дресот на Лестер, со кого стана стандарден репрезентативец, а сега стана и најскап дефанзивец во светот, а порано играше за Хул сити, Виган и Шефилд јунајтед.