Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за телевизијата Си-Ен-Ен, изјави дека губи трпение поради постојаното одложување на рокот на Британија за напуштање на Европската унија.

– Морам да кажам дека почнувам да се уморувам бидејќи сите се движиме од едно продолжување до друго … Луѓето губат трпение. Сакам да кажам „да“, да се одржи втор референдум, иако не сум сигурен дека исходот ќе биде многу поинаков, рече Јункер.

Тој истакна дека земјите на ЕУ немаат друг избор освен да го следат текот на дебатата за Брегзит во Велика Британија.

Јункер повторно изрази жалење што Европската комисија не успеала да се спротивстави на британската кампања за напуштање на ЕУ во 2016 година.

– Јас сум вознемирен затоа што ја слушав британската влада на (поранешниот премиер Дејвид) Камерон и не интервениравме, бидејќи единствената институција, единствените луѓе кои можеа да се борат против оние … во британската кампања беше Европската комисија, и не бевме во право што не се мешавме во дискусијата, нагласи Јункер.

Слични содржини