Најкрвавиот терористички акт во Анкара минатата сабота е извршен од бомбашите-самоубијци Јунус Емре Алагоз и Омер Дениз Дјундар, соопштува весникот Hurriyet ,повикувајќи се на извор во турската полиција.

20151014.fzvwdhntkz

Претходно турските медиуми објавија дека осомничениот во извршувањето на терористичкиот чин во турската престолнина Јунус Емре Алагоз е поголем брат на атентаторот-самоубиец Шеик Абдурахман Алагоз кој се разнесе во Суруч во јули.Според информациите на весникот експлодираните уреди кои се користеле  при нападите во Анкара и Суруч се идентични. Тие се подготвени на тротилова основа и опремени со распрскувачки  елементи – метални топчиња. Според податоци на турското иследништво, Алагоз бил поврзан со “Исламска држава” и во текот на неколку месеци се наоѓал во Сирија, каде што поминал подготвителен курс за подготвување на експлозивни направи. Како што раскажува таткото на другиот терорист, Омер Дениз Дјундар, неговиот син исто одел во Сирија два пати – во 2013 и 2015 година,и е останувал таму по неколку месеци. Дјундар два пати бил и  притворен од турските власти, но и  ослободуван.

Слични содржини