Just Room Enough Island е најмалиот населен остров на светот

од desk2
96 прегледи

Just Room Enough Island е најмалиот населен остров на светот, а се наоѓа во државата Њујорк.

На ова мало парче земја направена е куќа, а до неа има дрво.

Just Room Enough Island е еден од 1.800 острови на реката Сент Лоренс, која ги раздвојува Њујорк и Онтарио. Островот од 1950 година го купило семејството Сајзленд, а на него изградиле колиба и засадиле дрво. Потоа го нарекле имотот Just Room Enough Island.

Целиот остров не е поголем од тениско игралиште, а дупло е помал од Bishop Rock, остров кој некогаш важеше за најмал населен остров на светот и како таков е впишан во Гинисовата книга на рекорди.