Јувентус е првиот финалист во Лигата на Шампионите

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Екипата на Јувентус е првиот финалист во овогодинешното издание на Лигата на Шампионите.

“Бјанконерите” си обезбедија место во спорот за трофејот на 3 јуни во Кардиф, откако денеска запишаа нова победа над Монако.

Во реваншот торинци победија со 2: 1 на својот “Јувентус Емирати” и така со вкупен резултат 4: 1 go елиминираа францускиот тим.

Слично на првиот дуел и овој денес започна со притисок за монегаските кои сепак повторно не успеаја да се пробијат Џанлуиџи Буфон. Постепено домаќините ja  зедоа иницијативата и за возврат создадоа неколку добри шанси за гол. Првото од нив се отвори пред Гонзало Игуаин во 22-тата минута, но ударот на Аргентинецот беше опфатен од дефанзивецot на Монако.

Во следните минути притисокот на Јуве се зајакне и логично во 33-тата минута резултатот беше отворен. Дани Алвес кој се наоѓа во одлична форма центрираше од десната страна во шеснаесетникот, каде Марио Манџукиќ удри  со глава, рвично Субашиќ го одби ударот на напаѓачот, но за негова жал топката повторно се врати во Манџукиќ кој од метар со моќен шут постигна гол за 1: 0.

Минута пред крајот на првиот дел торинци одлучија сè со втор гол, кој овој пат беше дело на Алвес.

По паузата, имајќи го предвид резултатот, и двата тима очекувано  ја намалија брзината, што се одрази и на квалитетот на играта.

Сепак во 69-тата минута францускиот тим стигна до почесен погодок, дело на младата ѕвезда Килијан Мбапе кој се запиша по асистенција на Жоао Моутино. На овој начин, освен дека оформи конечните 2: 1,18-годишниот напаѓач  стави крај и на импресивната серија на противникот од 690 минути игра без примен гол на турнирот.

По денешниот успех Јувентус се пласираше по деветти пат во својата историја до финалето во најпрестижниот клубски турнир.

“Бјанконерите” имаат на сметката 2 титули (1985, 1996), како и 6 загубени финалиња (1973, 1983, 1997, 1998, 2003, 2015), и се се рекордери по овој показател. За последен Италијанскиот гигант игра во финалето во 2015, каде што, сепак загуби со 1: 3 од составот на Барселона. Во финалето тимот на Масимилиано Алегри ќе спори со победникот од полуфиналниот судир меѓу Реал Мадрид и Атлетико. По првиот дуел кралскиот клуб, кој е и актуелен носител на трофејот, има солидна предност од 3: 0. Реваншот е утре на “Висенте Калдерон”.