Јувентус ја подобри понудата за Ди Марија

од Vladimir Zorba

Италијанскиот гигант Јувентус ја подобри понудата до аргентинскиот ас Анхел Ди Марија, кој како слободен играч ќе го напушти Пари Сен Жермен.

„Старата дама“ ќе му понуди на 34-годишниот договор на една година со опција за продолжување на уште една сезона во обид да го убеди да го избере Торино пред Барселона.

Според експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио, Јувентус е свесен дека главна желба на Ди Марија е да се врати во татковината во 2023 година, па затоа и дале таква понуда.

Самиот фудбалер се уште нема донесено одлука, а желбата на неговото семејство е да се врати во Шпанија.

Ди Марија играше за Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2014 година, по што беше префрлен во Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра.

Една година подоцна тој се пресели во ПСЖ.

Слични содржини