Јувентус му го понуди Игуаин на Интер

од desk2
115 прегледи

Јувентус сака да го продаде напаѓачот Гонзало Игуаин во летниот трансфер прозорец. Во моментов, 31-годишниот Аргентинец настапува за Челзи како позајмен играч.

„Сините“ од Лондон немаат намера да го откупат договорот на фудбалер по завршување на сезоната.

Според „Калчо меркато“ Јувентус сака да го продаде Игуаин во Интер.

„Трансфермаркт“ го проценува играчот на 45 милиони евра.

Оваа сезона Игуаин одигра 36 натпревари, постигна 12 гола и забележа две асистенции.