Јувентус плаќа 80 милиони за Погба

од Vladimir Zorba

Францускиот играч за врска, Пол Погба ќе потпише договор вреден 80 милиони евра со Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Погба летово ќе го напушти Манчестер Јунајтед, бидејќи неговиот договор истекува и нема да биде продолжен.

И покрај интересот на Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, Погба реши да се врати во Јувентус од кој дојде во Јунајтед, пишуваат Италијанците.

„Газета дело Спорт“ наведува дека Погба ќе потпише четиригодишен договор според кој ќе добие десет милиони евра, од кои околу осум милиони ќе бидат загарантирани, а остатокот ќе го добие како бонус.

Преговорите со „Старата дама“ ги презеде Рафаела Пименто, адвокатка која ги презеде ваквите преговори по смртта на Мино Рајола.

„Газета“ наведува дека целата зделка – вклучувајќи го договорот, бонусите, процентите за агентите и другите трошоци – ќе го „олесни“ Јуве за околу 80 милиони евра.

Слични содржини