Јужна Кореја најави финансиска помош за Украина во текот на 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska

Јужна Кореја денеска најави финансиска помош од 520 милијарди вони или 394 милиони долари за Украина за следната година, што е осум пати повеќе од оваа година.

Пакетот помош вклучува 98 милиони долари за реконструкција, речиси 200 милиони долари преку хуманитарна помош и уште 98 милиони долари преку меѓународни организации, според предлог буџетот на Јужна Кореја за 2024 година, пренесува „Ројтерс“.

Во јули, претседателот Јун Сук-Јол објави дека неговата земја ќе обезбеди „голем обем на воени резерви“ оваа година, без да даде дополнителни детали.

Слични содржини