Кабинет на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем

од Vladimir Zorba

Во однос на предлог Законот за помилување во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот на РСМ.

На овој начин, велат оттаму, ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела.

„На тој начин се придонесува во зајакнување на независноста на судството и, воопшто, функционирањето на системот на поделба на власта и правната држава“, се додава во соопштението.

Слични содржини