Кацига на Леклер продадена за рекордни 306.000 евра

од Vladimir Zorba

Кацигата што ја носеше Ф1 возачот на Ферари, Шарл Леклер за време на трката во Монако е продадена за рекордни 306.000 евра.

Трката што требаше да се вози на патеката Имола во Италија минатиот месец беше откажана поради катастрофалните и смртоносни поплави во регионот Емилија-Ромања, а за да помогне во закрепнувањето, RM Sotheby’s одржа хуманитарна аукција.

Кацигата на Леклер е продадена за 306.000 евра, па е поскапа и од кацигата на легендарниот Аиртон Сена, за која купувач плати 162.000 евра во 2019 година.

На аукцијата беа продадени и комбинезони на Леклер (61.000 евра), чевли (20.400 евра) и ракавици (42.000 евра).

Леклер ја потпиша кацигата Bell HP77 пред продажбата.

Слични содржини