Каде е потпетицата? Новата фотографија на Северина предизвика забуна кај обожавателите

од Stefanija Kuzmanovska

Последната фотографија објавена од пејачката Северина предизвика бројни коментари. Многумина се прашуваа дали Северина „си поиграла“ во Фотошоп, или само незгодно ја наместила ногата.

Имено, Северина објави фотографија на Инстаграм на која позира во тесен бел фустан и златни сандали. Меѓутоа, на едната сандала ѝ недостасува потпетицата.

„Сликата е убава. Само една петпетица некако се изгубила или не ја гледам“, е само еден од коментарите на следбениците што можеа да се видат под фотографијата.

Кој е виновен за грешката на оваа фотографија, на крајот на краиштата не е ни важно затоа што, и покрај пропустот, фотографијата собра повеќе од 20.000 лајкови.

Слични содржини