Германските агенти во тајните служби годинава ќе почнат да се едуцираат на факултетите, пишува „Дојче Веле“, додавајќи дека целта на ова мерка е да се подобри соработката меѓу службите.
„Дојче веле“ го наведе случајот на една 29-годишна девојка, која вели дека не смее да го каже нејзиното вистинско име бидејќи е тоа дел од нејзината тајна работа, а се претставува како Луиза.
Луиза работи во германската тајна служба за странство – БНД, а на почетокот на годината, заедно со 50 други студенти, се запишала на мастер студии, досега единствени во Германија – „Разузнавачки и безбедносни студии”, што едноставно кажано значи дека ќе стане магистер по шпионажа. Во текот на десетгодишната кариера, уште пред мастер студиите, таа работела на одговорни задачи, исто така, во областа на меѓународниот тероризам. На двегодишните студии Луиза и другите ученици ќе имаат различни можности: Нема да и предаваат само правници кои треба да и укажат на тоа каде се границите на разузнавачката работа, туку, исто така, тука ќе има и психолози, историчари и експерти за ислам или научници кои се занимаваат со истражување на екстремизмот.
Спектарот на теми е широк. Една наставна единица, на пример, се занимава со социјалните медиуми, како што се Фејсбук и Твитер, со цел навремено да ги детектираат кризните ситуации. На друг модул се обучуваат за контроверзниот однос со т.н. V-луѓе (доверливи луѓе), луѓе од кои тајните служби добиваат информации од десно екстремистичката и исламистичка сцена.
Тајните служби, имено, додава Дојче веле, свесно ги регрутираат овие екстремисти и ги плаќаат за да добијат информации од овие сцени и на тој начин да ги спречат можните напади. Но, во скандалот, што настана откако беше убиен истакнатиот политичар Валтер Лупке, за чие убиство се обвинуваат екстремните десничари, се фрли сомнеж врз нивната доверливост и се критикуваше соработката на тајните служби со V-лицата.
Сега, меѓутоа, тие се надеваат дека со воведување на овие студии соработката со нив ќе се професионализира. Имено, сега психолозите се тие кои ќе треба да проценат кога на „луѓето од доверба” треба, а кога не треба да им се верува.
Додека во Германија тоа е новост, во другите земји, како Велика Британија и САД, веќе со години постои можност да се стидира шпионажа, на пример, во Кралскиот колеџ во Лондон.
-Една од главните причини за тоа е што долги години речиси и да немаше допирни точки меѓу науката и тајните служби, вели професор Јан-Хендрик Дитрих, еден од лидерите на програмата.
Додава дека науката поставува прашања, критикува, анализира, и со оглед на претходната релативно строга изолација на тајните служби од надворешниот свет, вели дека тоа било неспоиво.
Тајните служби, во меѓувреме, во Германија станаа потранспарентни. Со тоа, исто така, се зголеми и подготвеноста за дијалог.
-И можеби се дојде до заклучок дека научната експертиза може да биде корисна за разузнавачката работа, рече Дитрих.
Идејата беше родена пред четири години во кабинетот на канцеларот. Во секој случај, не сакаа да ги копираат студиите што веќе постојат во англосаксонскиот простор. Во Германија треба да се почувствуваат повикани прво соработниците на тајните и безбедносни служби. Студиите, имено, пред се, се наменети за соработниците на БНД, но, исто така, и за соработниците на Службата за заштита на уставниот поредок, воената тајна служба на Бундесверот. Во иднина треба да се овозможи студирање и на претставниците на Бундестагот, министерствата, Сојузната служба за криминал и Федералната служба за ИТ безбедност.
Со оглед на фактот дека на студентката Луиза и се отвораат можности за поврзување и надвор од БНД, нејзиниот професор во ова гледа шанса податоците да се пренесуваат, бидејќи иднините раководни кадри во тајните служби ќе мораат да знаат „каде се границите”. Токму преработката на сложениот случај на „националсоцијалистичкото подземје”, ја покажа важноста на разбирањето меѓу службите.
Долгорочно дури се планира на овој факултет да можат да студираат и припадници на странски борбени сили или претприемачи. Во секој случај, тие нема да можат да ги посетуваат сите студиски програми. Одделни програми сигурно ќе бидат можни само за студентите на безбедносните служби.
-Оваа студиска програма во овој обем е единствена во Европа. Бидејќи, покажува обид да ги добиете сите безбедносни актери под една капа, на друго место ќе пропаѓа поради себичноста на одредени сектори”, вели Дитрих.
Тој нагласува дека сите предавачи се независни.
-Влијанието однадвор би бил напад врз слободата на наставата. Бидејќи, независноста е од фундаментална важност за научницитe. Во спротивно, тие не можат нормално да функционираат, рече тој.
Тоа го прифатија и нивните идни клиенти, бидејќи знаат дека имаат поголема корист од независната научна експертиза од само обичните предавања.