Каде се старите уметнички дела на врвните ликовни македонски мајстори, што ги красеа sидовите во Владата?

од desk3
232 прегледи

 

 

На sидовите во владината зграда која меѓу граѓаните е позната како “Белиот дворец”,  наместо уметничките дела на реномираните македонски сликари, Мартиновски, Гуте, Корубин, висат портретите на поранешните премиери, Кљусев, Црвенковски, Бучковски, Георгиевски,  Груевски, Димитриев.  Ја нема ни скулптурата “Мајка и дете” од Ѓорѓија Ангеловски. Портретите на премиерите  се од неодамна откако беше “преоблечена” старата зграда со барокна  фасада, по вкус на екс премиерот Никола Груевски. 

Според неофицијални информации највредните дела од македоснкит сликари  се симнати во депоaта на зградата. Биле заштитени и покриени. Официјална информација од Владата за тоа каде се делата, нема.

Претседателката на центарот за заштита на културнто наследство, Донка Барџиева,  потврдува дека  станува збор за исклучителнo врвни и вредни дела.

“Чудно и несфатливо за било која Влада во светот за отстапени вредни дела, да не и дозволи на Националната галерија на Македонија да изврши  увид. Владата која е извршно тело ја оневозможува функцијата на останатите институции. Ова е контрадикторна состојба, која во последно време ни се повторува во културата, а тоа е непочитување на она што претставува вредност во Македонија”, вели Барџиева за Топ Тема.

Сликарот Александар Станковски, вели дека според негови инсајдерски информации во Владата, многу слики биле ставени во депота.

Телма објавува дека исчезнало  уметничко дело на Петар Мазев.

Националната галерија на Македонија барала неколку пати да и биде дозволено  да направи увид за тоа во каква состојба се овие дела, но досега не ја добиле.

40% од делата отстапени на Владата се од прва категорија и токму од Националната галерија се обврзани да ја следат нивната состојба.  Од Галериајта велат дека воопшто не биле консултирани за тоа дали делата од врвните уметнички мајстори може да  бидат преместени.

Од Музејот на современа уметност велат дека имале увид во изнајмените дела. Тие неколку пати биле барани за изложби. Откако тоа им  било овозможено односно биле изложувани повторно ги враќале. Од МСУ  велат дека сите дела во институциите добро се чуваат и се во добри услови.  На Владата вкупно и биле отстапени 28 уменички дела.