Каде се живее најдолго во Европа?

од desk2
247 прегледи

Сонце, море, свежа риба, маслинки, вино – звучи како добитна комбинација за долг и здрав живот, а утврдено е и дека тоа е навистина така. 

Жителите на грчкиот медитерански остров Икарија живеат дури десет години подолго од остатокот на Европа.

Тајната на долгиот живот е во дишењето свеж морски воздух, физичката активност, здравата храна и богатиот општествен живо на островот.

Жителите на Икарија имаат повеќе од двојно поголеми шанси да ја доживеат 90-тата година од животот од, на пример, Американците. Тие најверојатно се имуни на Алцхајмеровата болест, срцевите заболувања, ракот и другите бројни проблеми кои ги носи староста.