Кадиров објави ВИДЕО како трча и пука со калашников, го исмеваат на социјалните мрежи

од Nikola Popovski

Чеченскиот лидер и пријател на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров објави видео на кое се гледа како тој трча и пука со пушка во небото. Видеото е објавено наводно за да се покаже поддршката за руската инвазија на Украина.

Видеото од 30 секунди не прикажува вистински сцени од војната. Наместо тоа, со она што изгледа како музика во позадина од филмот Рамбо, Кадиров, со очила за сонце и муниција врзана за градите, е прикажан како трча во близина на планина додека безбедносните возила го следат. Тој потоа пука со својот калашников во воздух додека возила кружат околу него.

Не е јасно точно кога е направено видеото, ниту колку пари вложил во неговото производство, но одлично илустрира зошто чеченскиот лидер кој се фали со сопствената немилосрдност бил нашироко исмеан поради неговите пи ар-настапи за време на војната во Украина, пренесува Кликс. ба.

Иако видеото собра повеќе од 700.000 лајкови на официјалниот профил на Телеграм, стана мета на потсмев на украинските активисти на Твитер.

Заедно со видеото, Кадиров објави песна на Телеграм во која се величи руската победа на швајцарските Алпи против француската армија во 1799 година.

Слични содржини