Кадиров призна дека чеченската единица претрпела големи загуби

од Stefanija Kuzmanovska

Во ретко признавање на неуспесите во Украина, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров рече дека неговата единица претрпела големи загуби во артилерискиот напад на украинската армија.

„На почетокот на оваа недела, една од чеченските единици во регионот Херсон беше гранатирана“, рече Кадиров на Телеграм. Тој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин и владетел на Чеченија.

„Загинаа 23 борци, а 58 беа ранети“, наведе тој.

Сојузникот на Кремљ ретко зборува за порази, но тој призна дека неговите борци, кои ја поддржуваат Русија, претрпеле големи загуби тој ден.

Слични содржини