Кадрите со „бугарското знаме“ ќе бидат отстранети од евровизискиот спот на Гарванлиев

од Берта Китинска
514 прегледи

Овогодинешниот претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев се огласи по бројните реакции за кадарот каде е фатена уметничка слика која наликува на вертикално поставено бугарско знаме.

-Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години. За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера.Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме така и ќе остане, напиша Гарванлиев на својот Фејсбук профил.

Кадар од спотот за евровизиската песна на Васил Гарванлиев  “Here I stand“ снимен во Даут пашин амам во Скопје предизвика негативни реакции во јавноста. Во кадарот е фатена уметничка слика која наликува на вертикално поставено бугарско знаме.

Слични содржини