Гарванлиев настапи на ЛГБТ парадата во Софија: Сонувам за дует со бугарски пејач (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Не само што мислам, туку и сонувам за дует со бугарски уметник, изјавил за БГНЕС, македонскиот пејач Васил Гарванлиев, кој ја претставуваше нашата земја на овогодинешното издание на Евровизија. Тој викендов настапил на традционалната ЛГБТ парада, „Sofia Pride 2021“.

Гарванлиев за новинската агенција изјавил дека веќе преговара со неколку изведувачи.

„Можеме да започнеме со Викторија“, рече Гарванлиев, мислејќи на бугарската пејачка на Евровизија.

„Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови. Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика. Александрина Пендачанска е една од нив и ми е омилена“, истакнал македонскиот пејач.

Васил Гарванлиев е оптимист во врска со односите меѓу Бугарија и Македонија.

„Постојат негативни работи, но ајде да се фокусираме само на добрите“, рече тој, додавајќи дека секогаш бара подобро, посветло и позитивно.

Тој изјавил дела првпат е во Софија, но нема да му биде последен.

„Во вашиот главен град има многу пријатност и историја. Софија станува новата метропола на Европа“.

Слични содржини