Заев со поддршка за Гарванлиев: Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев упати поддршка до македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, во пресрет на првата полуфинална вечер од фестивалот.

„Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!“, истакна премиерот.

Вечерва ќе настапат 16 натпреварувачи, меѓу кои и нашиот Васил Гарванлиев кој ќе настапи со реден број 6, а најдобрите 10 ќе се пласираат во големото финале кое ќе се емитува во сабота.

Оваа година Евровизија се одржува под слоганот „Отвори се“ (Open up), а Владата на Холандија го одобри натпреварот што треба да се одржи со ограничен број на гледачи и со строго почитување на мерките што ќе обезбедат здравствена безбедност на обожавателите, натпреварувачите, нивните тимови, новинари и организатори.

Слични содржини