Каевски: Комисијата требаше да направи селекција на песните, а мене на своја рака ме ставиле за „уредник“.

од Vladimir Zorba
146 прегледи

По денешниот скандал што „пукна“ со спорните песни на Збирката поезија на Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски во изјава за „Фокус“ вели дека фирмата што го добила тендерот на своја рака го ставила него како уредник, без тој да биде консултиран за тоа.

„Не ми е јасно зошто јас како Дарко Каевски фигурирам како уредник на Збирката. Утре ќе испратам официјално барање до фирмата да ми објаснат зошто донеле таква одлука, кога во претходните години директорот никаде не фигурирал како уредник. Исто така ќе испратам барање и до членовите на комисијата, кои цело време се оградуваат да ми објаснат која е нивната задача, иако во решението убаво е наведено дека освен што треба да ги изберат најдобрите три песни, треба и да направат селекција на песните. Сега е најлесно сите да се оградуваат. А, после тоа ќе покренам обвиненија против сите што не си ја почитувале работата, а сега ме местат мене – истакна Каевски.

Тој додава дека ако тој бил доволно стручен, тој ќе ги избирал песните, немало потреба да биде формирана комисија.

Од комисјата пак Тихомир Јанчовски вели дека не знаел дека целата збирка треба да ја проверат туку само трите победнички песни, другото не го ни погледнале.

Во комисијата бевме, Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и јас, Ни дадоа папки со песни, ги прочитавме, и некако, по долги консултации, одбравме песни што го освоија првото.второто и третото место. И толку, не ни знаевме дека се печатело збирка, ниту сум ја видел порача Јанчовски.