Каевски за истражувањето на Маркет вижн: Ги видовме сите анкети на предвремените локални избори каде Мицкоски загуби на првото соочување со Ковачевски

од Nikola Popovski

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски ја коментираше денешната анкета на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет вижн.

-Ги видовме сите анкети на предвремените локални избори во Маврово Ростуше и Центар Жупа каде Мицкоски загуби на првото изборно соочување со Ковачевски, вели Каевски за „Локално“.

Според анкетата, на прашањето што „Доколку утре се одржат избори дали ќе излезете да гласате“, од определените граѓани 18,6 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,4 отсто за СДСМ.

Понатаму во анкетата стои дека за ДУИ би гласале 6,3, а за Левица 4,1 отсто од испитаниците. Се додава во анкетата и дека партијата Беса има поддршка од 3,4 отсто, а Алијанса на Албанците, која е во преговори за влез во Владата, од 1,8%.

Алтернатива е со поддршка од 1,6%, а ЛДП под 1 процент.

Слични содржини