Кафе-барот „Интермецо” продолжил со работа и покрај забраната, ќе биде поднесена кривична пријава

од Stefanija Kuzmanovska

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар поради бучава.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ,  најави кривична пријава за симнување на службен печат.

„По извршените контроли на кафе барот „Интермецо”, вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена.

Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години.

По добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат“, објави Богдановиќ на Фејсбук.

Слични содржини