Кафеџиите умираат стари

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ако пиете 3 до 5 кафиња на ден, веројатноста да  починете како последица на инфаркт или мозочен удар е значително помала. Заколнатите кафеџии страдаат и поретко од дијабетес, Паркинсонова болест, како и голем број на невролошки болести.4512072

Самоубиствата се исто така помалку меѓу луѓето навикнати да пијат редовно кафе, покажа истражувањето на научниците од одделот за јавно здравје “Чан” кон Универзитетот Харвард.

Истражувачите анализирале три групи луѓе – оние кои воопшто не пијат кафе, кои пијат до 2 чаши дневно и кои пијат од 3 до 5 чаши. Сите тие се медицински работници – сестри, лекари, болничари, вкупно 300 000 на број, кои се согласиле да да бидат интервјуирани за нивните кафеџиски навики во последните 30 години.

“Биоактивните компоненти во кафето ја намалуваат инсулинската резистенција и систематските воспаленија во телото”, објаснува феноменологот Ма Дин од истражувачкиот тим. “Зголеменото и редовно консумирање на кафе го намалува значително ризикот од голем број болести, од кои некои, како дијабетесот пример, го намалуваат животот, или водат до ненадејна смрт, како што е често кај инфарктот”.

Истовремено научниците предупредуваат дека редовната консумација на кафе не е погодна за сите луѓе. “Редовното консумирање на кафе може да биде вклучена како дел од урамнотежената исхрана. Но, не се препорачува на бремени жени и деца поради кофеинот, кој може да им донесе проблеми”, истакнува професорот по здравата исхрана и епидемиологија Франк Ху, исто така дел од истражувачкиот тим .