Ковидот полека стивнува.Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.
Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.
Тие потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.
Според податоците на министрството за здравство во моментов најмногу заразени лица има во Скопје и Битола, додека пак во единаесет градови нема позитивни лица на ковид.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно).
Скопје 145406, Активни 265
Куманово 16626, Активни 10
Битола 15253, Активни 83
Прилеп 14127, Активни 13
Тетово 13446, Активни 8
Кавадарци 10628, Активни 20
Велес 9759, Активни 17
Гостивар 9572, Активни 2
Охрид 8826, Активни 14
Струмица 8049, Активни 7
Штип 8014, Активни 12
Кичево 5610, Активни 11
Кочани 5072, Активни 2
Струга 4715, Активни 2
Гевгелија 4399, Активни 3
Неготино 3677, Активни 3
Ресен 2713, Активни 2
Свети Николе 2624, Активни 0
Радовиш 2528, Активни 2
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 2
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1649, Активни 9
Валандово 1485, Активни 0
Виница 1390, Активни 2
Пробиштип 1265, Активни 0
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 963, Активни 1
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0