Кајли ја откри диетата: Навечер не јадам, а наутро пијам свеж сок

Ријалити ѕвездата и милијардерка Кајли Џенер конечно ја откри тајната на својата линија и со следачите сподели каква е нејзината исхрана.

Иако многумина, доколку сакаат да ослабат, јадат јаткасти плодови, кај семејството Џенер тоа не е така, бидејќи Сторми е алергична на нив па не ги купуваат. Секој ден на Кајли ѝ започнува со пијалок, џус со лаванда и лимон или сок од целер.

– Цел фрижидер ми е полн со тоа. Само сиров целер за да можам да го исцедам – рекла Кајли, која во текот на денот пие барем една чаша џус.

Омилена храна ѝ е пилешко со лимон, зеленчук, а понекогаш си подготвува и томашни такоси.

– Доколку сум во хотел, секогаш нарачувам пилешко со лимон, бел ориз, зелечук и салата од кељ со лути пиперки и коцки потпечен леб – рекла Кајли.

Сепак понекогаш си дозволува и cheat оброк, односно хамбургер. Додека била бремена го јадела барем еднаш неделно.

– Тогаш јадев чизбургер со посебен сос и пржен кромид – открила Кајли која инаку обожава грицки, но ги избегнува навечер.

– Тоа воопшто не ми е тешко бидејќи секогаш ме мрзи да слезам до кујна -рекла Кајли и додала дека секогаш си носи јаболко со себе во спалната, доколку огладне пред спиење.

Кајли, како што вели, не може да поднесе глас, а исто таква е и Сторми. Тие секое утро заедно доручкуваат. Омилено јадење на малата Сторми е овожје, сланина и пециво.

Слични содржини