Какао против кашлица!

од desk2
314 прегледи

Дали сте знаеле дека какаото има моќ да ги ублажи симптомите на акутна и хронична кашлица?

Така покажа испитувањето на научниците во кои биле вклучени 300 луѓе со постојана кашлица. Истражувачите им давале теобромин, супстанција од какао два пати во денот, во текот на две недели. Дури 60% од пациентите пријавиле значителен степен на подобрување и смирување на кашлицата по експериментот.

И претходните студии сугерирале дека теоброминот го спречува рефлексот на кашлица.

Оваа состојка, покрај во какаото во прав, се наоѓа и во црното и млечно чоколадо, а кашлицата може да се намали со помош на една до две штангли дневно.