Како Безос го прослави историскиот лет во вселената? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Џеф Безос, познатиот милијардер и претприемач, успешно долета до работ на вселената и веднаш по враќањето на Земјата, започна да го слави овој подвиг со истурање шампањ.

Овој лет се смета за пресвртна точка кога станува збор за приватните патувања во вселената. Тој полета во 15:12 часот по средноевропско време од пустината во Западен Тексас до работ на вселената, а летот траеше околу 10 минути.

На летот милијардерот беше придружуван од неговиот брат Марк, авијатичарката Вели Фанк (82) и тинејџер кој неодамна заврши средно училиште, Оливер Димен (18), како најстара и најмлада личност што стигнала до вселената. Тие патувале во капсула со најголеми прозорци што им давале феноменален поглед на Земјата.

Веднаш по слетувањето, додека тој сè уште беше во капсулата, Безос ги поздрави насобраните со насмевка на лицето, покажувајќи им лајк на снимателите, како знак дека сè оди добро.

Слични содржини