Како да добиеме совршена кожа на грбот

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Летото настапува со полна сила, а со него и желбата сè почесто да облекуваме поотворена облека, за која сонуваме цела зима.0a3fe7a5539c0168508cfb5571593e0a

Идеите за различни комбинации со додатоци и бои буквално не престануваат да доаѓаат, а најмногу нè радува фактот дека ќе можеме да ги пресретнуваме топлите ноќи со женствени фустани со гол грб.

Тука доаѓа и еден малку непријатен момент. Се сеќаваме дека не посветуваме ни мал дел од грижата за телото на грбот.

Ви ги претставуваме најлесните начини со кои може да ја направите кожата на грбот токму толку мека и заводлива, колку што е и на остатокот од телото.

Единствено што треба да направите е да ги следите овие три чекори.
Еве ги и нив:

1. Ексфолирајте
Ексфолијацијата  е најдобар начин да се исчисти добро кожата и да ги отстраните наталожените нечистотии. Бидејќи не можете да го опфатите целиот дел со раце, козметичката индустрија се грижи и за тоа – најдете соодветен сунѓер за грб со рачка.
Големата разновидност ќе ве однесе пред различни модели кои може да ги приспособите со сопствените потреби. Нанесете пилинг за тело и смело исчистете.

2.Хидрирајте
Тоа што кожата се наоѓа на грбот, не ја прави на никаков начин различна од онаа на вашите нозе, на пример. Токму затоа треба да го запазите златното правило за хидрирање со соодветен производ.
Користете ги рацете до каде над рамената, од половината нагоре и дури и во малку бизарна поза во која како да сами се прегрнувате. Ако мислите дека не се справувате многу добро, замолете некој да ви помогне. Можете да го користите обичниот лосион за тело кој го имате.

3. Тен
Ако нанесувате автобронзант врз телото и лицето, не заборавајте дека може во одреден момент да се покаже дека сте со различни бои. Долгиот или краткиот фустан со гол грб ќе ја покажат посветлата кожа. За да се избегне ова, едноставно не заборавајте да нанесете автобронзант и во овој дел од телото. Наведнете се малку и со масажни движења оставете тенок слој од производот.
На овој начин бојата ќе се разнесе рамномерно врз целиот грб.