Легендарниот руски исцелител Иванов е убеден дека телото треба најмалку на секои шест месеци или двапати годишно да се исчисти од токсини, бидејќи акумулираните токсини може да доведат до разни болести.

Чести настинки, разни инфекции, замор, поспаност, деконцентрација – сите овие состојби се доказ за присуство на токсини во телото, малигни бактерии и други помалку штетни материи. Вие не треба да го занемарувате фактот дека лишувањето од сон, стрес и најмногу од сè нездравата исхрана влијаат врз зголемувањето на лошиот холестерол.
Најефикасниот природен лек, што го препорачува исцелителот Иванов содржи само две состојки, но безброј бенефиции. Тоа се јогурт и брашно од хељда.
Иванов оваа комбинација ја нарекува “еликсир на младоста и здравјето”. Брашното од хељда, пак, има забележителни лековити својства: тоа го зајакнува организмот ги подмладува крвните садови, го намалува заморот, ја зголемува циркулацијата на крвта во нозете и рацете, го намалува лошиот холестерол и го зголемува лачењето на урина.
Комбинацијата е одлична за меморијата и концентрацијата (особено за постарите луѓе). Иванов оваа мешавина ја користел во текот на целиот свој живот.
Покрај тоа го намалува крвниот притисок, помага при атеросклероза и лекува запек. Друг позитивен ефект од нејзина употребата е што го нормализира метаболизмот и функцијата на панкреасот и го зголемува нивото на хемоглобинот во крвта.