Како да го преживеете денот кога сте ненаспани?

од Nikola Popovski

Дали не спиевте доволно во текот на ноќта и се чувствувавте исцрпени? Ова чувство може да биде многу непријатно следниот ден бидејќи сепак треба да „тргнете во денот“.

МАЛКУ КОФЕИН

Спиењето е поврзано со речиси секоја важна телесна функција – влијае на вашиот имунолошки систем и вашиот апетит, на хормоните на стрес и метаболизмот, на крвниот притисок и на кардиоваскуларниот систем. Како да го преживеете денот кога сте ненаспани, еве неколку совети.

Изложете се на светлина – Експертите велат дека е потревно да се изложите на силна светлина наутро. Нашиот циклус сон-будење е многу зависен од светлината – дневната светлина испраќа сигнал до нашиот мозок дека е време да станеме и да бидеме активни, додека темнината испраќа сигнал дека е скоро време за спиење. Изложеноста на светлина кога првпат ќе се разбудите „го потиснува мелатонинот, кој ја зголемува будноста и го подигнува расположението“, пишува „Huff Post“.

Пијте малку кофеин – Можеби изгледа очигледно, но да, кафето навистина помага. Тоа е затоа што кофеинот го блокира аденозинот, хемикалија во нашето тело која ја зголемува потребата за сон. Како резултат на тоа, кофеинот прави да се чувствуваме помалку поспани и го подобрува учењето и донесувањето одлуки доколку сте лишени од сон, вели д-р Андреј Зинчук, доктор по медицина од универзитетот Јеил, стои во текстот на „Huff Post“.

КРАТОК ОДМОР

Одморете се – Кратките дремки може да ја подобрат будноста, поспаноста, меморијата и способноста за вежбање. Од друга страна, подолгите дремки всушност можат да ја нарушат когнитивната функција и потенцијално да го отежнат завршувањето на задачите.

Слични содржини