Како да го регулирате високиот крвен притисок без лекови?

од desk2
300 прегледи

Покачениот крвен притисок се поврзува со срцеви заболувања и болести на бубрезите, но зошто воопшто се јавува покачен крвен притисок и како да го регулирате?

Многу луѓе во Македонија ги мачи покачен крвен притисок или хипертензија, што е најчест здравствен проблем во современиот начин на живот. Сепак, многу луѓе не знаат што е покачен крвн притисок и што го предизвикува.

Крвниот притисок го одредуваат два броја: систолниот притисок (поголемиот број), односно силата со која срцето пумпа крв во телото, и дијастолниот притисок (понискиот број), односно отпорот на протокот на крв во крвните садови. Се смета дека идеалниот крвен притисок е меѓу 90/60mmHg и 120/80mmHg.

Што предизвикува покачен крвен притисок?

Крвниот притисок е постојана тема на научни истражувања, а се поврзува со различни избори на начин на живеење, од пушење канабис, претерано користење интернет, јадење компири…

Не е секогаш јасно што точно го предизвикува покачениот крвен притисок, но некои навики сосема сигурно го зголемуваат ризикот.

Прекумерната дебелина, претераното внесување сол во исхраната, недоволното јадење овошје и зеленчук, претераното конзумирање алкохолни и кофеински пијалаци, пушењето, нереовното спиење и недоволна количина на сон се само дел од причините за зголемување на крвниот притисок.

Што може да направите?

Ако правите сѐ или барем нешто од овие работи, не е доцна, бидејќи можете да ги смените лошите навики и така да ги намалите ризиците и да го контролирате крвниот притисок.

Доктор Ентони Балдузи нуди совети за тоа како на природен начин, преку измени во исхраната и лесна физичка активност, да го регулирате високиот крвен притисок.

Слични содржини