Како да го заштитиме детето од алергии на храна?

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Хранливите алергии кај малите деца често можат да бидат спречени. Грижата за тоа ја имаат родителите и најмногу мајките, бидејќи со некои практики значително може да се намали ризикот од појава на алергија на храна во детска возраст, како и за во иднина.kid-drinking-juice-86527751

Кои се најчестите алергии на храна?
Млекото, јајцата, рибата, снегулки, ракови и морски плодови се меѓу најчестите алергени . Многу луѓе имаат некоја од овие алергии на храна. Истражувачите не се целосно сигурни зошто се појавуваат и кои се причините за порастот на случаите на алергии на храна.

Сепак тие можат да бидат редуцирани или барем ризиците од нив да се минимизираат.

Што треба да направите за целта?
Одржувајте здрава исхрана за време на бременоста
Ако сè уште не сте родиле дете, треба да знаете дека здравата исхрана е од огромно значење. Јадењето на вештачки и збогатени типови храна крие ризик од полнење на фетусот со штетни хемикалии кои се наоѓаат во готовите спакувани видови храна.
За разлика од нив, балансираната диета која вклучува важни хранливи елементи, придонесува за намалување на ризикот од алергии на храна кај детето.

Не внесувајте тврда храни пред 4 до 6 месеци
Според истражувањата поврзани со хранливите алергии, бебињата кои консумираат тврда храна, пред да наполнат 4 месеци се многу повеќе склони да развијат алергија на храна во подоцнежна фаза.

Доите што можете повеќе
Не станува збор за тоа да доите 2-годишно дете, но барем до 1 годинка мирно можете да му давате млеко. Таа е богато со најважните протеини и антитела кои ќе му помогнат на вашето бебе да изгради траен широк имунитет. Тој ќе придонесе за намалување на ризикот од алергии на храна.

Не давајте или ограничете ја до до минимум пакуваната храна
Ова е најтешката задача за една мајка, особено во денешниот свет каде што готовата храна е насекаде. Кроасани, вафли, колачи, чипсови и солени закуски – сите овие ѓубриња се мешаат во работата на детскиот организам и доведуваат до алергии на храна, па дури и до посериозни проблеми.