Контрапункт на времето потрошено за нанесување на совшрената шминка, е времето во кое треба да го исчистиме целиот свој труд, а тоа обично се совпаѓа со моментите во кои сме исклучително изморени и последното нешто што сакаме да направиме е да седиме будни.
Бидејќи влажните марамчиња за чистење на шминка не се секогаш добра опција, а голем дел од производите за отстранување на козметичките препарати и нечистотии на кожата оставаат чувство на сувост, ви претставуваме неколку алтернативни варијанти.
Секоја од нив е тестирана и сигурно функционира.
1. Бебешки шампон
Кој рекол дека бебешките шампони се наменети само за малите? Овој производ може да се користи за успешно отстранување на туш, маскара и сенки за очи, без разлика дали се водоотпорни или едноставно тврдоглави.
2. Бебешки марамици
Друг дел од производите за детски, кој е погоден да влезе во употреба за прекрасната рутина се шамивчињата. Тие ја чистат шминката и оставаат кожата хидрирана. Пожелно е откако ќе ги користите да исплакнете со топла вода и да нанесете крем за лице.
3. Хидратантен производ за лице
Нанесете мала количина од саканиот хидратантен производ за лице на памук. Исчистете ја добро шминката, а потоа задолжително исплакнете. Препорачливо е да користите топла вода за подобар ефект.
4. Масла
Докажано е дека сите видови масла имаат неверојатен ефект врз лицето и чистењето како на шминка, така и на акумулирана нечистотија. Сепак, препорачуваме да изберете масло од бадем, бидејќи е со докажано најдобри индикатори и ја помагаат хидратацијата на кожата.
5. Вазелин
Добрата работа на вазелинот е дека ја задржува влажноста точно каде што ѝ е местото – во кожата. Нанесете мала количина на памук и исчистете на местата на кои сте ставиле претходно шминка.