Грижата за стапалата не смеете да ја занемарите во зимските месеци, бидејќи пролетта и топлото време ќе дојдат побрзо отколку што сте очекувале.
Без оглед на тоа што носите чизми и патики, морате да обрнете внимание на кожата на стапалата и ноктите.
Ако немате време да посетите салон за да ги средите вашите стапала, обидете се со еден едноставен, евтин и домашен рецепт за педикир благодарение на кој веднаш ќе ги затворите чорапите во фиоката, каде што ќе ја чекаат следната есен. Најважната состојка во овој рецепт е нешто што сите го имаме дома – сода бикарбона.
Измешајте сода бикарбона со лимонов сок и паста за заби и смесата нанесете ја на ноктите на нозете, па нежно тријте со стара четкичка за заби. На овој начин ќе ги отстраните заноктиците и ќе им ја вратите свежата боја на вашите нокти. Потоа можете да направите пилинг на целите стапала и да ги потопите во топла вода со сол. Употребете турпија за најгрубите делови.
Овој третман може да се повторува на седум дена. Како дополнителен совет, секогаш користете различна четкичка за триење на прстите или бидете сигурни дека убаво сте ја дезинфицирале онаа што сте ја употребиле претходниот пат.