Вработен во стриптиз бар го открил фетишот на режисерот Квентин Тарантино

од Stefanija Kuzmanovska

Не е тајна дека познатиот филмски режисер Квентин Тарантино сака стапала, бидејќи многу често ги вклучува во своите филмови. Фактот го потврди вработен во холивудски стриптиз бар кој тврди дека Тарантино еднаш платил 10.000 долари за да ги лиже стапалата на една жена „додека не изгледаат како суви сливи“.

Според Page Six, маж од Северна Калифорнија, кој се нарекува NorCal Lowlife, го споделил со светот можеби најсликовитиот приказ на фетишот на легендарниот Тарантино. Lowlife, познат и како Пејџ Рад, очигледно бил некој вид менаџер во холивудскиот стриптиз клуб „Crazy Girls“ и се појави на подкаст наречен „Get in the Car“ оваа недела.

Lowlife тврдеше дека режисерот на „Pulp Fiction“ го посетил клубот и побарал ВИП соба и друштво на танчерки со „најголемите гради“ во клубот. Имено, Lowlife не потврди кога точно Тарантино го направил тоа.

Lowlife тврди дека влегол во една од задните соби и „од љубопитност“ ја гледал акцијата на монитор за надзор.

„Тој седеше, а таа се подготвуваше да си ја заврши работата. Таа го соблече горниот дел, но него тоа не го интересираше. Тој стана, ја фрли на ебаното седиште и ѝ ги соблече чизмите, една по една. Набрзо почна да ѝ го лиже долниот дел од стапалата и да ѝ ги цица прстите“, раскажува Lowlife.

Тој рече дека режисерот оскаровец уживал половина час и додека завршил, стапалата на споменатата работничка во стриптиз клуб изгледале „како штотуку да излегла од полна када, односно како суви сливи“.

Слични содржини