Ако сте од мажите, на кои им претстои да им предложат брак на своите девојки, можеби сте малку збунет како точно тоа да го направите, па ем да не е банално, ем да не е помпезно.
Може да си помогнете ако погледнете во астрологијата. Внимавајте што сака хороскопскиот знак на својата сакана и внимателно обмислете го својот план за предлог, за тој да одговара идеално на нејзините очекувања и преференци.
Еве и неколку добри насоки како да ја прашате “Ќе се омажиш ли за мене?” така што таа веднаш да каже “ДА”:
Овен
Оваа активна, полна со барања и амбициозна жена ќе сака и ќе очекува забавен предлог за брак што е поврзан со наплив на адреналин. Со таква жена ќе треба да се потрудите повеќе во организацијата на настанот и да измислите нешто навистина провокативно. Запомнете дека оваа дама ќе загуби интерес брзо, ако долго време ја карате да чека за предметниот предлог. Жените од овој знак не се големи романтичари, но ги сакаат највозбудливите авантури, па можете да ѝ ја побарате раката за време на прошетка со јахта / чамец среде море или на кампување – под ѕвездите.
Бик
Овие дами го сакаат луксузот и безбедноста. Тие се трпеливи, па можат да ве почекаат подолго, но нема да ве чекаат вечно. Жената Бик ќе има потреба од време за да се убеди дека сте мажот на животот, па пред предлогот ќе треба да ја придобиете неколку месеци па дури и години. Оваа жена нема да толерира никаков знак на апатија или неверство од ваша страна – запомнете го тоа! Кога собирате храброст да ѝ ја побарате раката размислувајте на пријатна, мирна и елегантна атмосфера, најдете објект со навистина гурманска кујна, каде пуштаат нежна, лесна музика. Таа ќе го прифати предлогот со задоволство.
Близнаци
Оваа дружељубива, интелигентна, но неодлучна дама има многу променлива натура. Оваа весела жена сака да е во центарот на вниманието каде и да оди, па вашиот предлог мора да биде во согласност со светлата на рефлекторите. Ќе успеете да ја импресионира жената Близнаци, ако го дадете предлогот за брак на убав социјален настан, каде ќе има многу луѓе, убава музика, танц, уметност и т.н. Овие дами сакаат да се смеат, да патуваат и да учат нови работи. Ако имате храброст, побарајте ја раката на оваа жена среде некаква манифестација – ќе ја импресионира.
Рак
Оваа емоционална, дипломатска и храбра дама има едноставни вкусови. Таа ќе ја оцени вашата понуда за брак, ако ја направите на старомоден начин – на клупа во убав парк, на вечера во романтичен ресторан или удобноста на сопствениот дом. Жената Рак е романтична и мечтателна, но не сака премногу помпезни нешта, имајте го тоа предвид. Добро е пред да го направите својот предлог, да ѝ кажете на вашата сакана дека се чувствувате навистина среќен што ја имате во животот и дека сакате да ја споделите староста со неа. Ако меѓу вас и жената Рак нема вистинска љубов и вистинска врска, таа можеби нема да го прифати предлогот.
Лав
Оваа топла, емотивна и шармантна дама ќе сака да биде третирана како принцеза.Значи, ако сакате да ѝ го придобиете срцето засекогаш, ќе треба да размислувате повеќе за своето однесување со неа уште пред да фго дадете својот предлог за брак – однесувајте се со неа како со кралица и таа нема да има ништо против да стане ваша сопруга. Запомнете дека оваа дама сака скапи подароци. Ќе треба да се отвори широко новчаникот, за да се подготвите добро за предлогот. Размислете сè до детаѝ – луксузен превоз, чудесно место, скап прстен, голем говор и т. н, а пред да ја побарате раката на вашата сакана, дајте ѝ неколку комплимента за нејзиниот прекрасен изглед.
Девица
Оваа практична, и замислена жена мора да најде сериозни причини кои ќе ја убедат во тоа дека треба да стане ваша сопруга. Дамите од овој знак се стремат кон совршенство и нема да се омажат за маж, во чии квалитети не се убедени внатрешно. Оваа жена е многу лојална и ќе ве чека долго време да се одлучите да ѝ предложите брак. Кога сепак ќе се одлучите да го направите тоа, ќе треба да ѝ ја покажете вашата огромна почит. Направете предлог кој ќе е супер персонификација и е подалеку од клишеата. На прошетка во природа одберете ѝ го омилениот букет со цвеќе и тогаш запрашајте. Подгответе оригинален златен прстен кој ќе крие некаква историја.