Како да се најадете за празниците, а да не се здебелите?

од desk2
102 прегледи

 

Просечна празнична трпеза содржи 6.000 калории, а не треба да се зборува дека тоа е далеку над препорачаното. Но, нема потреба за очајување и да чувствувате дека нешто пропуштате ако помалку јадете, затоа што ви предлагаме како да го совладате искушението.

Можеби не сте дома, но обидете се барем да прошетате, да возите велосипед или кусо да џогирате во текот на денот.

По долгите и обилни оброци ќе се чувствувате летаргично, па лесна вежба ќе ви биде добредојдена, а ќе потрошите и дел од калориите. Ако некој од друштвото ќе ви се налути што заминувате, понудете се да го прошетате кучето или да скокнете до продавница.

Без репете

Макар да ви се налути домаќинот, едноставно речете „не“ на дополнителните количини храна, особено кога сте сити.

Внимателно со алкохолот

Водете сметка за количината алкохол која ќе ја испиете. Алокохолните пијалоци се полни со шеќери, што значи уште дополнителни празни калории.

Намалете ги грицките

Грицките и предјадењата не треба да станат оброк. Од нив нема да бидете сити, а ќе внесете дополнителни калории.

Појадок

Задолжително следното утро на 1 јануари изедете појадок, ќе бидете помалку гладни кога ќе седнете на ручек.

Јадете полека

Ако јадете пребрзо, нема да сфатите дека сте сити се додека не изедете се од преполната чинија храна. Ако јадете споро, ќе сфатите дека сте сити многу побрзо од што сте мислеле.