Како да се намали времетраењето на менструацијата?

од Vladimir Zorba
5,1K прегледи

Ниту една жена не сака да чека цела недела дека и повеќе, додека менструацијата ѝ зсврши! Има толку пријатни нешта да се направат, а циклусот само ги попречува.083f750d97412603ccbd41c6d6148bbd

Што можете да направите за да направите циклусот да престане побрзо?

Оргазми, оргазми …
Оргазмите предизвикуваат грчеви во малиот таз и гениталиите кои предизвикуваат предвремено прекинување на циклусот. Е, нема да запре уште на вториот ден, но значително ќе се намали.
Оргазмите дејствуваат како помош за побрзо исцедување на крвта надвор од телото и стегање на ткивата.

Акупунтура
Акупунктурата, направена на вистинскиот начин, помага за намалување на времетраењето и интензитетот на циклусот. За норма се смета траењето на менструацијата не повеќе од една недела, но ако успеете да ја намалите до 5-6 дена ќе е најдобро.

Промена во исхраната
Промената во исхраната влијае на месечниот циклус. Обидете се да пиете повеќе билен чај. Тој ја смирува циркулацијата и го намалува крварењето. Тоа  ги смирува и непријатните грчеви за време на циклусот.

Вежбајте
Колку и да мислите дека вежбите ќе предизвикаат силно крварење – тоа не е така. Дури се случува токму спротивното. Циклусот го намалува и постепено запира. Најлошите и исцрпувачки вежби не се за препорачување, но стабилното оптоварување дефинитивно влијае на циклусот и го прекинува порано.

Земање на контрацепција
Контрацептивни таблети имаат регулирачка акција спрема циклусот. Ако менструацијата ви трае премногу долго, овие таблети ќе ви помогнат да го намалите до пократки рокови.

Користеите тампони наместо улошки
Тампоните создаваат лажно чувство за слаб циклус, бидејќи го потиснуваат крварењето и го оставате во внатрешноста на телото. Вистината е дека токму поради тоа во многу случаи циклусот продолжува дури и повеќе од 7 дена, додека целата непотребна крв не се исцеди од телото.

Слични содржини