Како да се носи црвен кармин спрема бојата на кожата – неколку совети?!

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Црвениот кармин зрачи со сексапил. Без сомнение една вистинска дама треба да носи црвен кармин, особено ако има посебен повод.
Но изборот на точната нијанса на црвен кармин е тешка задача. Не секој црвена боја се вклопува добро на различните типови и боја на кожата. Затоа треба да знаеме некои мали трикови.

Како да се избере соодветен црвен кармин?

За светла кожа

Дамите со светла кожа спокојно можат да си дозволат пенливи светло црвени кармини. Тоа дава длабочина и густина на усните. Белата кожа дозволува употребата и на темен молив за истакнување на контурата на усните.

Просечна темна кожа

Ако бојата на кожата се наоѓа некаде во средината на скалата меѓу млечно бела и светло темна кожа, тогаш нијансите на црвен кармин може да варираат. Дамите со таква кожа можат да си дозволат како потемни и заситени тонови, така и розови и пастелни нијанси на црвено. Портокаловиот спектар исто така може да се применува успешно, но со претпазливост.

Темна кожа

Жените со потемна кожа треба да избегнуваат премногу светли тонови, бидејќи така акцентот се губи од усните и нив ги прави затемнети. Во залог се тонови, кон пурпурни, портокалова и вино цртвена. Користете сјај за усни, особено ако сте со кармин со поизразен портокалова акцент.