Крајот на летниот одмор може да биде многу фрустрирачки период.a664b53a1c50a3b9c8414364d2d3cec7

Кон недостатокот на море, сонце, плажа, планинска убавина и релаксација се додаваат премногу задачи акумулирани во текот на времето, во кое нè немало, долги денови во канцеларија и враќање кон монотоното секојдневие.

Бидејќи ова очигледно не е доволно, косата некако е малку поинаква од обично и тоа не во најдобрата смисла на зборот “поинаква”.

Силните сончеви зраци, морската вода и секакви други типично летни фактори ја оштетуваат нашата коса и често наоѓаат причина за недостаток на гламур, обем и форма.

Ви ги претставуваме најлесните начини со кои ќе го обновите влакното од одморот и да му го вратите назад здравиот изглед.

1. Потстрижете се

Најважниот чекор кон враќањето на косата во здравиот изглед е нејзиното одржување. Задолжително е откако ќе се вратите од одмор да посетите фризер, за да се простите со расцутените краишта и заплеткувања. Не е потребно да правите драстични промени во фризурата- само неколку сантиметри, колку да оживее влакното.

2. Маски за коса

Времето после одмор е најпогодниот момент да се обложите на секаков вид маски за длабока хидратација и потхранување. Можете да пробате како домашни рецепти, така и готови козметички производи, но многу е важно да ги селектирате правилно според типот  коса кој го имате. Ако мислите дека нема да се справите, секогаш може да се распрашате кај специјалисти за некоја терапија за коса.

3. Користете шампон за длабоко чистење

Ако неодамна сте се вратиле во градот од долгиот морски одмор, задолжително е првите неколку пати да ја измиете косата со производ кој има длабока акција за чистење. Никако не е пожелно за скалпот да има остатоци од морска сол или уште полошо – мали ронки.

4. Оставете ја косата да дише

Не се фаќајте веднаш за пресата, машини и какви и да било алатки кои работат на принципот на термичка обработка. Дајте малку време на косата  да се опорави и повторно да се привикне кон водата со која ја миете обично и условите во кои ја негувате.

5. Инвестирајте во серум

Откако ќе ја измиете косата, важна улога има серумот. Не заборавајте дека тој задолжително треба да присуствува во вашата козметичка рутина и е добро да содржи само и единствено природни состојки за негување на влакното.

Слични содржини