Како да си набавите омега-3 масни киселини ако сте веган

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Омега-3 масните киселини се исклучително важни за организмот и здравјето. Тие не се синтетизираат во телото и затоа треба да бидат прифатени со храната. Најдобрите извори на омега-3 масни киселини се рибата, говедско, телешко, рибиното масло. 8f7f59f4c62343bc39da49b1b6a2446f

Ако сте вегетаријанец или веган сепак тешко дека јадете која и да е од овие храни. Но вашето тело има огромна потреба од омега-3 масни киселини. Од кои растителни храна можете да ги набавите?

Конопни семиња

Конопните семиња се исклучително богати со корисни масни киселини. Покрај тоа, тие ги испорачуваат на организмот многу важните фитостероли, го намалуваат драстично лошиот холестерол.

Ленено семе

Лененото семе е меѓу најбогатите извори на омега-3 масни киселини . Тоа помага во намалување на холестеролот и шеќерот во крвта, намалување на кардиоваскуларниот ризик. Овие масни киселини го потиснуваат и воспалението во ткивата, со што ја подобруваат општата здравствена состојба на организмот. a1e95886d473139f66a9e34c77582fed

Мешунките

Во бораниите се наоѓаат не толку големи количества омега-3, но пак за сметка на тоа се богати со омега-6 масни киселини. Гравот,  леќата, грашокот и сите тие спаѓаат во нивното семејство култури што го намалуваат шеќерот во крвта и инсулинот, а истовремено со тоа даваат поттик на метаболизмот .

Чиа

Семето од чиа исто така е корисна алтернатива на месните производи што се однесува до омега-3 масните киселини . Во него, исто така се содржат и омега-6 масни киселини, кои имаат директно позитивен однос кон имунитетот и супресијата на воспаленијата во телото.

Бобинки

Шумските плодови се вкусни, сочни и слатки. Покрај овие големи причини да ги јадете, тие се богати и на омега-3 и 6 есенцијални масти. Корисни се за оние кои страдаат од дијабетес или проблеми со шеќерот во крвта и инсулинот, антиоксиданси и еден куп корисни материи.

Лиснат зеленчук

Лиснатиот зеленчук, а особено темнозелениот е многу богат со омега-3. Тој го полни организмот уште со железо и калциум.
f6361f671e0ca7d7484c17ca5c09af8b
Манго

Мангото е егзотичен плод, кој се наоѓа на нашиот пазар, но е релативно скап. Сепак, е важно да се напомене дека тој ги има своите одлични придобивки за организмот. Богат е со омега-3 и омега-6 масни киселини, витамини, влакна, минерали.

Зелка

Зелкастиот зеленчук е задолжителен за трпезата поради многуте корисни својства. Едно од нив е богатството на омега-3 масни киселини. Зелката исто има завидна количина од нив. Тоа е сиромашно на калории, што пак е добро за вашата фигура. Јадете го со најголема леснотија!