Како да си направите домашна билна маст

од Vladimir Zorba
685 прегледи

Билките се еден од најстарите и проверени методи за ублажување на различни кожни болести или моментални болки и болести. Денес споделуваме едen лесeн домашeн рецепт за билен балсам, кој ќе ги олесни кожните иритации, ако страдате од каснување од инсекти, при модринки и гребнатинки, егземи и друго.8a8e4f279eb877063e3bef117e23a07d

Што се содржи во него?

Невен – една од најдобрите билки за лекување на исекотини, изгореници, воспаленија, модринки, мали отворени рани, гребнатинки.
Живовлак – при егзема, псоријаза, пчелни убоди, каснувања од инсекти.
Кантарион – кај модринки, рани и изгореници.
Црн Оман – при тешко лекување рани.
Маслинови листови – при егземи.
Борова смола – при рани и модринки; има антибактериски, антивирусни, антифунгални, антиинфламаторни и антимикробни дејства.
Мед, кој ја заздравува кожата и ја навлажнува.

Потребни состојки:
1 и 1/4 чаша маслиново масло
2 чаши сушени билки – приближно 1 лажица сушени цветови од невен, живовлак, кантарион, маслинови листови, исушен корен од црн Оман и борова смола
2-4 лажици пчелин восок
1 лажица мед
2 лажички етерични билни масла – по желба
1/2 лажичка витамин Е – по желба

Во стаклен сад или тегла ставете ги сите состојки заедно и на водена бања на тивок оган стопете ги путерот и смолата. Нека смесата врие околу 30-40 минути, без маслата да зовријат и прегорат.
Потоа преку цедилка или тензух исцедете ги и пресипете лименки или стаклени тегли. Откако мелемот ќе се олади е подготвен за нанесување врз кожата.