Како да сме успешни во запознавањата

од desk3
145 прегледи

Со доаѓањето на есенската сезона на сите ни се сака да се зафатиме со нешто ново и да принесеме свежина во вообичаено секојдневие. За оние од нас кои се веќе надвор од образовниот систем, прашањето станува уште поактуелно – како да отвориме нови контакти кои ќе ни носат топли емоции во текот на студените денови? Ако сакате да сте успешни во запознавањето нови луѓе, ќе споделиме неколку совети. Тие важат како за романтичните односи, така и за пријателски или пак професионални контакти.

1468309113-shutterstock-425247172

Излегувајте повеќе

Еден од најдобрите совети е и наједноставен: треба да излегуваш од дома, ако сакаш да сретне нови луѓе. Додека седиш на каучот, се загледува во серии , нема да се запознаеш со никого. Се разбира, овие активности се одлични од време на време, но треба редовно да излегуваш и да ги раскршиш досегашните навики. Само така ќе се надмине загриженоста – оди до продавница, посети книжарница или започни да одиш на танцување или јога. Што и да е, ќе ви помогне да се запознаете со нови луѓе.

Гледајте ги луѓето во очите

Кога се запознавате со нов човек, гледајте го во очите додека разговарате. Не само што тој ќе ја оцени директността и вниманието што му го обраќате, но и луѓето кои извршуваат очен контакт, автоматски се гледаат како на повеќе фер и подобри слушатели.
Слушајте повеќе зборувајте помалку
Тишината е толку убаво нешто! Тоа да бидеш добар слушател е едно од најкорисните работи кои можете да ги направите, за нови познанства. Сите сакаме до одреден степен да споделуваме информации за себе, но тоа да слушате ќе помогне повеќе да ја запознатете спротивната личност . Овозможи им на другите да ти споделуваат, да ти веруваат и да ти дадат информации.

Не се интересирајте  излишно

Кога средтнувате нови луѓе, понекогаш е тешко да не бидеш љубопитен ако имаш интерес за нив. Постои разлика меѓу тоа да навлегувате во приватноста на човекот и едноставно да прашувате за општи информации. Внимавајте каде е границата помеѓу измачувачкото и едноставното прикажување на интерес. Во целиот свој живот ќе мора да се запознаете со многу различни луѓе. Секогаш е добро да оставате впечаток на внимателен човек, во кого може да се има доверба, со кого се зборува лесно. Треба да биде на располагање на луѓето кои сакаат да се запознаат со вас и во исто време да бидете некој со кого вреди да се запознаваат. Бидете добронамерен и внимателен слушател. За да се олесни комуникацијата, иницирајте разговори на теми, од кои сите се заинтересирани.

И не заборавајте да се забавувате! Кога имате интерес кон другите и ја изразување таа емоција, тоа го напојува и нивниот интерес кон вас.